Честитка од ВМРО-ДПМНЕ повод празникот Велигден
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани кои се од православна вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Христовото Воскресение - Велигден, со најискрена желба за добро здравје, љубов, мир, спокој, благосостојба и радост во секој дом.
Христовото Воскресение е триумф на победа на животот над смртта, доброто над злото, и со тоа Исус ја докажал божествената моќ и го осветлил патот на иднината.
За нас христијаните овој Голем ден - Велигден значи живот и надеж и не потсетува дека само со верба кон Бога, со мир во душата, со трпение, меѓусебно почитување, толеранција, труд и работа ќе постигнеме напредок за државата и подобар живот за сите граѓани.
Во овие тешки времиња, ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрајност и разум, да надвладее доброто наспроти лошото, правдата да ја победи неправдата и сите заедно сплотени и посветени да го победиме злото и да донесеме посветла иднина.
Воедно да ги спомнеме луѓето кои се соочуваат со сиромаштија, предизвици, ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката и сочувствува со секој еден граѓанин кој се соочува со тешката реалност, згазено достоинство, неправда, но заедно ќе ги надминеме овие премрежија со кои се соочуваме.
Сите заедно да работиме и да се избориме за подобар и поквалитетен живот, за повисок стандард, за подобар живот, за зачувана и исправена татковина, зошто само така ќе успееме да создадеме подобра иднина во која сегашните и идните генерации ќе го градат својот живот во модерна и напредна Македонија.
Воедно, да го прославиме Велигден во духот на православните обичаи, споделувајќи радост и љубов. Имајте убави празнични денови исполнети со духовен мир, хармонија, и добро здравје.
Нека ни е честит големиот празник Велигден и нека е за многу години овој ден.
Слава на Бога!
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!
ВМРО-ДПМНЕ - Центар за комуникации
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух