Македонија
28. August 2015 - 12:03

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Успение на Пресвета Богородица

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповест им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

- На овој голем празник православните христијани во Република Македонија го прославуваат денот на големата заштитничка на нашиот народ. Ова е денот кога се чествува љубовта, мирот и толеранцијата, чистината на човечката душа, мудроста и скромноста, како највисоки духовни вредности на секој човек, се вели во честитката.

Празнувањето на денешниот ден, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, преставува почитување на делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и верување и тоа е она кое нè предводи по патот на радоста и светлината и е извор на нашата духовна сила.

- Преку овој светол празник да изградиме мир, взаемно почитување и толеранција, да научиме да простуваме и да ги почитуваме највисоките морални вредности, бидејќи тоа е вистинскиот начин кој го осветлува патот до исполнет и спокоен живот на секој од нас., стои во честитката од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.