Честитка од Вељаноски по повод Курбан Бајрам

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, до поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) реис ул улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до верниците од исламска вероисповед.
- Со особено задоволство, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод исламскиот празник Курбан Бајрам, се вели во честитката од Вељаноски.
Денешниот празник Курбан Бајрам, се додава, ја симболизира хуманоста и солидарноста и потсетува дека љубовта и помагањето треба да се споделуваат, а разликите треба да не спојуваат.
- Нашите вековни традиции придонеле да си помагаме едни на други, без разлика на вера, националност или друга определба. Празникот Курбан Бајрам и оваа година нека биде мотив за меѓусебно почитување, соживот и за градење на заедничка иднина. Во ова пригода сакам да истакнам дека Република Македонија високо ги вреднува мултиетничките и мултирелигиските вредности и традиции, кои создаваат вистински темели на кои се гради преспективата на сите нејзини граѓани. Ви посакувам радост и бериќет во кругот на Вашите семејства и пријатели, се нагласува во честитката од Вељаноски до поглаварот на ИВЗ и до верниците од исламска вероисповед по повод Курбан Бајрам.
Ново на Сител
-
МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
