Честитка од СДСМ по повод Денот на рударите

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во свое лично име и во име на партијата денеска до рударите упати честитка по повод 28 август, Денот на рударите во Република Македонија.
- Во име на СДСМ и во свое лично име го честитам 28 август, Денот на рударите во Република Македонија. Рударството отсекогаш била и ќе биде значајна стопанска гранка што придонесува за натамошен развој на целокупното стопанство, се наведува во честитката.
Затоа, како што посочува Кирацовски, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено работат на унапредување на безбедноста и здравјето при работа и на унапредување на правата на работниците во ризични професии.
- На сите рудари, нека им е честит Денот на рударите во Република Македонија и нека нивната посветена, макотрпна работа биде пример за сите нас да работиме уште понапорно за подобра иднина за сите нас, пишува Кирацовски во честитката.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
