Македонија
28. August 2017 - 12:59

Честитка од СДСМ по повод Денот на рударите

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во свое лично име и во име на партијата денеска до рударите упати честитка по повод 28 август, Денот на рударите во Република Македонија.

- Во име на СДСМ и во свое лично име го честитам 28 август, Денот на рударите во Република Македонија. Рударството отсекогаш била и ќе биде значајна стопанска гранка што придонесува за натамошен развој на целокупното стопанство, се наведува во честитката.

Затоа, како што посочува Кирацовски, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено работат на унапредување на безбедноста и здравјето при работа и на унапредување на правата на работниците во ризични професии. 

- На сите рудари, нека им е честит Денот на рударите во Република Македонија и нека нивната посветена, макотрпна работа биде пример за сите нас да работиме уште понапорно за подобра иднина за сите нас, пишува Кирацовски во честитката.