Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан Бајрам
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху:
„На сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, ви упатувам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам.
Најискрено, ви посакувам празничните денови да ги поминете во кругот на најблиските, во одлично здравје и во добро расположение.
Светиот месец Рамазан е месец на пост, дарување, простување, месец на зајакнување на вербата, разбирањето и почитувањето на другите. Со заедничко празнување на овој како и на останатите верски празници јасно упатуваме порака дека меѓуверската и меѓуетничката толеранција, взаемното разбирање и почитта, се столбовите на македонското општество.
Само сплотени можеме да ги надминеме здравствените, економските и енергетските кризи како и сите евентуални безбедносни закани. Токму празничните денови се потсетник дека обединети, солидарни и со чиста мисла и со чисто срце, можеме да изградиме просперитетно општество и подобар, поспокоен и подостоинствен живот за сите граѓани.
Честит Рамазан бајрам.“, стои во честитката од претседателот Пендаровски по повод празникот Рамазан Бајрам.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
