Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите
Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.
– Најсрдечно ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, еден од најзначајните датуми во ромската историја кога на Првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон, ромските активисти од Европа го потврдиле ромското знаме, химна, јазик, култура и ромскиот идентитет на повеќе од 12 милиони Роми во Европа. Горди сме на вашиот придонес во градењето на мултикултурниот мозаик на нашата заедничка татковина, вели Пендаровски во честитката.
Претседателот на државата во честитката посочува дека пред нас претстои помалку од една деценија за спроведување на новата Стратегија за инклузија на Ромите во која, како што вели, наша заедничка задача е да создадеме инклузивно општество преку остварување на конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, домувањето, здравството, културата, борбата против дискриминацијата и намалувањето на сиромаштијата.
– Во овие кризни периоди од здравствен и економски аспект потребно е сите засегнати страни соодветно да ги искористиме капацитетите, ресурсите и надлежностите за да ги надминеме диспропорционалните разлики и децениските проблеми, како предуслов за просперитетна и сигурна иднина. Од исклучителна важност е учеството на ромската заедница како и сите останати заедници, во општествениот, политичкиот и културниот живот на државата. Да продолжиме заеднички да градиме соживот во духот на взаемната почит, солидарноста и пријателството. Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите! Bahtalo о 8. April sa e Romenge!, се вели во во честитката на претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите.
Ново на Сител
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
