Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски по повод Велигден
Со особена радост и задоволство со празнувањето на најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, темелот на христијанството во светот повеќе од две илјади години, дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Синод, на верниците на нашата древна Македонска православна црква и на нашиот македонски народ, од името на членовите на Социјалистичкта партија на Македонија и од мое лично име да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов, а на сите граѓани спокој во секој дом и во сечие срце.
Овој велик ден е возвишен зошто е празник во кој торжествува животната радост и од кој што извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост.
За да го доживееме и ние воскресението Христово, потребно ни е да се утврдуваме во вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието - да живееме во верата со добри дела. Само доколку нашиот живот го красат такви добродетели тогаш сме ја разбрале смислата на нашето постоење.
Овој голем христијански празник е можност да ја истакнам длабоката увереност дека нашата Македонска православна црква и понатаму ќе продолжи со ширењето и јакнењето на верата, душата на нашиот богоугоден македонски народ, во јакнењето на националното, меѓунационалното и мулти-конфесионално разбирање, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет, зошто само така обединети и сплотени можеме заедно нашата Татковина да ја направиме поубава за сегашните и идни генерации.
Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе насекаде низ светот, толку потребни во денешниве времиња. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов.
Честит да ни е Великиот ден - Воскресение Христово, Господ ни дари сила, верба и благослов, за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чувајќи го грижливо, одговорно, праведно и чесно.
Нека е за многу години големиот празник Велигден!
Христос Воскресна!
СПМ
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки