Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици
Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија Љупчо Димовски упати честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
-Со особено задоволство ви го честитам големиот празник, Богојавление-Водици, посакувајќи сите заедно да го поминеме во добро здравје, исполнети со радост и среќа. И оваа година повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. А како што се величествени собирите покрај нашите води и како што се полни бреговите со верници така и нашите срца ќе бидат исполнети со вера, надеж и љубов, вели Димовски во честитката.
Богојавление-Водици, додава Димовски, да ни даде сила, смирение и добра мисла за да се соочиме со сите предизвици кои ни претстојат во годината која штотуку започна и заеднички, мудро и посветено да работиме на обновата и просперитетот на нашата Татковина и благосостојбата на сите наши македонски граѓани.
-Да бидеме грижливи, милосрдни и солидарни и да си даваме поткрепа едни на други, постојано дарувајќи љубов и ширејќи позитивна енергија. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление-Водици! Бог се јави!, вели претседателот на СПМ во честитката.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз