Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод големиот муслимански празник - Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед со желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба.
-Почитувани граѓани од исламска вероисповед, Дозволете ми по повод големиот празник Рамазан Бајрам, од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, да Ви упатам искрени честитки и најтопли желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба, се вели во честитката од Гаши.
По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна посветеност, се потенцира, Рамазан Бајрам нè потсетува на трајните вредности на хуманоста, меѓусебната почит, разбирањето и помагањето.
-Овој голем празник носи порака за љубов, милосрдие и заедништво, вредности кои се од особено значење за градењето хармонично, праведно и достоинствено општество. Нека бајрамските денови Ви донесат спокој во домовите, радост во семејствата и надеж во срцата. Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да негуваме соживот, толеранција и почитување, како темели на нашата заедничка иднина. Честит Рамазан Бајрам!, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Рамазан Бајрам.
МИА
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
