Честитка од претседателот Иванов за Меѓународниот ден на Бошњаците
Претседателот на Република Македонија,Ѓорге Иванов, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до припадниците на Бошњачката заедница во Република Македонија.
Честитајќи го Меѓународниот ден на припадниците на Бошњачката заедница во земјава, Иванов посака добро празнично расположение, среќа и успешно да продолжиме заеднички да ја градиме иднината која ја посакуваме за нас и за нашите деца.
- Одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците во земјава е знак за афирмирање на јазикот, идентитетот, културата и културните особености на богатата бошњачка традиција. Почитувајќи ги етничките и религиските различности, негувајќи и надградувајќи ги меѓусебните односи градиме модерна држава која ги штити интересите на своите граѓани. Оттука сметам дека заедничка е одговорноста за градење на лојалност кон Република Македонија, пишува Иванов во честитката.
Македонскиот претседател го истакна исклучителниот придонес на припадниците на Бошњачката заедница во економскиот, културниот и општествениот живот во земјава.
- Негувајќи и афирмирајќи ги делата на нашите предци, чекориме кон заедничкиот развој и напредок. Овие вредности се клуч до успехот. Заедништвото и сплотеноста, без поделби, не прават сложни и единствени. Затоа да си споменеме дека само заедно ќе успееме да ја оствариме нашата мисија за посреќна, побогата и просперитетна Македонија. Почитувајќи ги културата и обичаите на другите значи почит кон себе и својата држава, стои во честитката што до припадниците на Бошњачката заедница ја упати Иванов.
Ново на Сител
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп