Честитка од претседателот Иванов за големиот муслимански празник Рамазан-бајрам

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.
- Одбележувањето на овој голем исламски празник не потсетува дека верата, посветеноста и молитвата даваат духовен мир, а почитувањето на блиските и споделувањето со оние кои имаат помалку се универзални вредности за кои сите се залагаме. Солидарноста и меѓусебната доверба се заеднички вредности кои секогаш не обединуваат. Искрено сум убеден дека и во иднина ќе го негуваме меѓуверското и меѓурелигиското почитување, стои во честитката од претседателот Иванов.
По повод чествувањето на светиот месец Рамазан, Иванов присуствуваше на повеќе ифтарски вечери, а овие средби, се посочува во честитката, се секогаш добра можност да ја пратиме пораката дека соживотот и меѓусебното почитување се вековна традиција на овие простори.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
