Честитка од претседателот Иванов по повод Курбан Бајрам

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.
- Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам празникот Курбан Бајрам. Овој празник е познат и како „празник на жртвата“, кој го симболизира приближувањето на човекот кон Бога. Курбан Бајрам го слави Ибрахим и неговата подготвеност да го жртвува својот син, а жртвеното јагне ја претставува покорноста кон Бога. Курбан Бајрам е празник на милоста, но и на споделувањето со фамилијата, пријателите и сиромасите, се вели во честитката од Иванов по повод Курбан Бајрам.
Празниците нè учат, се додава, да не ги заборавиме основните човекови вредности, да простуваме, да имаме разбирање, да веруваме. На тоа нè учи и вековната традиција, помагајќи си едни на други ги јакнеме соживотот и почитта меѓу граѓаните на Република Македонија.
- Дозволете, уште еднаш, Вам и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви го честитам празникот Курбан Бајрам и да Ви посакам пријатни денови исполнети со среќа, радост и бериќет, се нагласува во честитката од претседателот Иванов до поглаварот на ИВЗ и граѓаните од исламска вероисповед.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
