Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.
На поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, Сиљановска Давкова им упати честитки по повод големиот муслимански празник - Курбан Бајрам.
- Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир. Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна. Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани, стои во честитката од претседателката Сиљановска Давкова, соопштија од нејзиниот Кабинет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините