Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците
Горди сме што Бошњачката заедница има свој празник којшто достоинствено се прославува и придонесува за промоција на нејзината историја и на културните традиции кои се составен дел од македонското општество, истакнува претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитка до припадниците на бошњачката заедница, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.
Соживотот во нашата татковина, посочува претседателката, е резултат на почит, уважување и солидарност. Да не дозволиме овие вредности да бидат загрозени и нарушени, и да продолжиме да работиме на напредокот и на благосостојбата на нашата заедничка татковина.
- Предизвиците со кои се соочуваме како држава нè тангираат сите и тие не бираат пол, религија, етникум. Сите сме под исто небо.Обединети да ја оствариме визијата за нашата татковина, како демократска, правна и развиена држава. Нека ни е честит празникот, се наведува во честитката.
Ново на Сител
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени