Честитка од Никола Груевски по повод каточлички Божик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија и до сите верници од католичка вероисповед по повод Божик.
- Дозволете ми, Вам, на Вашето ценето свештенство и монаштво, како и на сите верници од католичка вероисповед, во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви ги упатам моите честитки по повод еден од најголемите христијански празник, Христовото раѓање - Божик. Празнувањето и одбележувањето на овој голем празник од секогаш претставувало радосен момент во душата на секој верник. Примајќи ја веста за раѓањето на синот Божји, одново и одново во нас ја примаме ѕвездата водилка која постојано не просветлува и насочува како да бидеме подобри луѓе, да шириме љубов и да правиме добри дела, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Божик, се потенцира, не потсетува дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, да му покаже што е добро, а што лошо дело, одлучи да го испрати својот син на земјата за да ги превземе врз себе сите слабости и гревови на човековата природа. Со овој чин се исполни надежта на родот човечки и се роди изворот на љубовта и добрината што никогаш не пресушува.
- Да го празнуваме заедништвото со Бога и да се помолиме и во иднина Бог да биде со нас, со нашите верници, со нашите семејства, со нашата земја. Да се продолжи по патот на напредокот, и унапредување на секоја сфера и област од општественото живеење. Нека христовата светлина ги осветли Вашите домови. Нека е за многу години големиот христијански празник – Божиќ. Христос се роди, се нагласува во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ до католичките верници во Македонија.
Ново на Сител
-

Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија
-

Информација од ЦУК за состојбата по обилните врнежи
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување
-

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
-

Најстудено на Попова Шапка -16, во Маврово -14, во Крушево -13 степени
-

На седница на Собранието измени на Кривичниот, законите за полиција, за внатрешни работи,...
-

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината
-

Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
