Честитка од Министерството за култура по повод Илинден
Министерството за култура упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија по повод еден од најзначајните празници, чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.
– Илинден претставува голем македонски национален празник, кој неосмнено има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Не само заради важните датуми од историјата кога на 2 август 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, туку овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, и на сите оние кои со своето дело и подвизи трајно се вградиле во овој чин, стои во честитката.
Овој ден, се посочува во честитката, е уште еден повод за благодарност, за тоа што денеска живееме во современа, независна и меѓународно признаена држава, но и потсетување да продложиме во мир и заедништво да ја градиме државата во духот на европските вредности.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
