Честитка од министерот Спасовски по повод празникот Свети Климент Охридски
Дозволете во мое име и во име на МВР, на сите православни верници да упатам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски - Чудотворец, со желби за добро здравје и благосостојба.
Утрово, во Соборниот храм во македонската престолнина Скопје, кој го носи името на светителот, присуствував на Божествена литургија во служба на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Свети Климент е основоположникот на Македонска православна црква и на нашите писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на Македонецот кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог, кој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идниот век.
Секогаш со посебен пиетет зборуваме за најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј, кој го трансформираше Охрид во лулка на словенската писменост и култура, грижливо го чуваше и негуваше христијанство на Балканот.
Како автор на многу дела, пофални слова на свети маченици и апостоли, како и поуки за големите христијански празници, нему му се припишуваат и опширните житија на Свети Кирил и Методиј, познати како Панонски легенди, кои се најзначајниот извор за проучување на животот и делото на светите браќа, но и силен доказ за правото на свој јазик, писменост и култура.
Изразувам најдлабока почит кон неговата заслуга за македонскиот народ, идентитет и култура, како светол пример на духовен водач кој се вградува во историјата на европската култура - подвиг кој ние ревносно го продолжуваме обезбедувајќи ги евроатлантските интеграции на нашата земја, како и мир и безбедност за сите наши граѓани.
Нека е за многу години празникот на Свети Климент Охридски!
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи
Министерство за внатрешни работи
Ново на Сител
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина