-->
-->
Честитка од Мицковски по повод католички Божик
-->
Новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод католичкиот Божик упати честитки со скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.- Нека Рождеството Христово роди нова надеж во вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божик е празник на семејството. Божикната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските, вели Мицковски.
Божик, додава тој, учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божик учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството.
- Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во честитката
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

До петок без блокади на граничниот премин Евзони
-

Париз повикува на претпазливост за новогодишната ноќ поради тероризам и банди
-

Минусни утрински температури, најстудено на Попова Шапка
-

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе
-

Израел го забрани работењето на 37 меѓународни невладини организации во Газа и Западниот Брег
-

Светот ја испраќа старата година, новата 2026 први ќе ја пречекаат Кирибати, а последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
