Честитка од Мицкоски за Курбан бајрам: Празникот не обединува во градењето заеднички живот
Почитувани верници од исламска вероисповед,
Дозволете ми во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам празникот Курбан Бајрам.
Ова е празник кој ги потенцира човечките вредности и кој не учи на солидарност, хуманост и заедништво. Воедно, Курбан Бајрам ги истакнува меѓусебното почитување и разбирање и не обединува во стремежот за градење на заеднички живот и просперитет во нашата држава.
Република Македонија има вековна традиција на соживот, толеранција и помагање помеѓу различните верски групи. Тоа се вредностите кои ние мора да им ги пренесеме и оставиме на идните генерации, бидејќи само така ќе продолжиме да градиме благосостојба, но и напредок во нашето општество.
Во овие тешки моменти и предизвици со кои се соочува нашата држава сите граѓани подеднакво ги чувствуваат последиците од неспособноста, алчноста, расипништвото, лагите и нереализираните ветувања и очекувања. Наместо проекти кои ќе го подобрат животот и стандардот на граѓаните, секојдневно гледаме криминал, корупција, понижување и погазување на достоинството на секој еден граѓанин на Република Македонија.
Токму затоа неопходно е да се почитуваме и помагаме, и заеднички и обединети да упатиме порака дека потребно е создавање на праведна држава која подеднакво ќе ги почитува своите граѓани и ќе креира можности за напредок за доброто на нас и на нашите идни генерации.
Нека годинешното празнување на Курбан Бајрам ви помине во спокој, мир и хармонија и ви донесе среќа и радост кои ќе ве следат целиот живот, Вас и вашите семејства.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди

