Честитка од Груевски за празникот Прочка
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод христијанскиот празник „Прочка“ денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот oхридски и македонски, г.г. Стефан и православните верници во Македонија.
- Блискоста и љубовта во секое семејство, во секое познанство и пријателство, од секогаш била поврзана со овој убав ден. Нашиот народ знае да простува затоа што простувањето е една од основните потпори на нашата вера, една од основните пораки на нашиот спасител Исус Христос. Нема човек кој е безгрешен и токму затоа, тивко и спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да ги пречекаме пораките кои ни ги носи овој ден, наведува Груевски.
Ако човек на човек замерил, ако човек со човек не зборува, се вели во честитката, денес е денот да се олесни душата од таквиот товар, денес е денот да се подаде рака, да се побара прошка и да се даде прошка. - Така било со децении, така ќе биде и во иднина, затоа што така не учи нашиот Бог. Токму затоа, да ги поткрепиме нашите семејства, да ги почитуваме нашите родители, да ги почитуваме нашите соседи и пријатели, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден за друг, да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта, простувањето и спасението на човековиот род, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат