Честитка од Груевски по повод Денот на независноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска испрати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.
- Дозволете ми, во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, да ви го честитам 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија. Денот на кој, пред 26 години, ние граѓаните, одлучивме Република Македонија да биде независна држава, остварувајќи го со тоа сонот на илјадници Македонци и граѓани на Македонија, кои своите животи ги дадоа за градење сопствена држава. Како држава издржавме бројни искушенија и поминавме многу премрежја. 26 години подоцна како народ и како држава повторно минуваме низ период во кој е потребно многу мудрост, храброст и одлучност во носењето на одлуките и делувањето, вели Груевски во честитката.
Повторно минуваме низ период, додава, во кој се отвараат прашања што длабоко задираат во нашиот идентитет и немаме веќе ни малку простор и комоција да дозволиме непромислени одлуки чии последици би ги чувстувале долго во иднина. - Антидржавните и антинационалните политики мора да ги оставиме зад нас. Тргување со највисоките државни и национални интереси не смее да се дозволи. Убеден сум дека единствени и сплотени, со јасно зацртана визија и цел, ќе успееме Република Македонија да ја направиме подобро место за живеење за сите нејзини граѓани, држава каква што сакаме да им оставиме на нашите деца, се наведува во честитката.
- Доколку пред 26 години сонот на тогашните генерации била независна Македонија, сонот на нашата генерација е економски стабилна и просперитетна држава, единствена, меѓународно признаена и почитувана. Овие цели заедно со добро трасираниот пат кон ЕУ и НАТО се насоките кон кои се стремиме и за кои секојдневно треба да работиме. Секој од нас има сон и идеи за својата иднина, но најважно од се е идејата за заедничка иднина. Идејата дека само сплотени во единство можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна Македонија. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста, големиот државен празник 8 Септември, наведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во честитката.
Ново на Сител
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
