Честитка од Емил Димитриев по повод Богојавление-Водици

Претседателот на Владата за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици денеска упати честитка до поглаварот на МПЦ-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.
- На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог-Создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни поврзани со облагородување на душата и прочистување на срцето. За оваа цел, Бог се јави и го испрати нашиот спасител Исус да се покрсти и да ни го покаже патот на благочестивоста и на искрената заедница со нашиот Бог, стои во честитката.
Денеска, како што се наведува, сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот.
- Да си посакаме Божја благодет, мудрост, сила и поткрепа да правиме добри дела, да гледаме напред, да се сакаме и почитуваме, да и помогнеме на нашата земја да ги надмине сите препреки пред кои е исправена и да продолжи да чекори напред, силно и достоинствено, решително и одлучно, во интерес на подобриот живот на сите граѓани на Република Македонија. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник! Бох се јави! Навистина се јави!, вели во честитката Димитриев.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
