Честитка од Димитриев по повод еврејскиот празник Песах
По повод големиот еврејски празник Песах, претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо - Николиќ и до граѓаните од Еврејската заедница во Република Македонија.
- Деновите на празнување на овој празник се денови во кои секое еврејско семејство го празнува и слави поклонението, но и непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ. Вредностите кои ги славите во овие денови претставуваат силни универзални вредности бидејќи силната верба, желбата за слобода, љубовта кон својот народ и почитувањето на другите народи се вредности кои ги движеле народите и во историјата, но и во сегашноста, стои во честитката.
Во неа се додава дека прославувањето на овој голем празник тука во Република Македонија претставува и симбол на почитта и искреното пријателство помеѓу нашите два народа и признание за придонесот што Еврејската заедница во Република Македонија го има во продлабочувањето и унапредувањето на односите помеѓу Република Македонија и Израел.
Во честитката тој посакува убави празнички неенови, исполнети со мир, семејна радост и душевен спокој.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност