Македонија
25. December 2021 - 9:54

Честитка на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по повод католички Божиќ

До скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов, како и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, сакам да упатам искрени честитки по повод Христовото раѓање – Божик. Ова е еден од најголемите христијански празници кој во себе ги сплотува верата, надежта и љубовта, како највисоки човечки вредности! Овие празнични мигови нека Ви донесат многу здравје и радост и нека ги исполнат Вашите домови со спокој и хармонија. Вербата во Бога нека не’ води на вистинскиот пат, со надеж, сила и љубов заеднички да создадеме подобра иднина за сите нас.

Христос се роди! Среќен Божик!