Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
Македонското друштво „Илинден"-Тирана во име на членовите и Македонците во Албанија денеска упати честитка до лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двојната изборна победа,на претседателските и парламентарните.
- Татковината Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните четири години. ВМРО-ДПМНЕ со која Вие успешно раководите има направено огромен исчекор, имате огромна поддршка од Македонците од Република Албанија, стои во честитката.
Тоа, се додава понатаму, бидејќи напредокот и благодатта на македонскиот народ претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците во соседството.
- Во мое лично име и во име на друштвото и на Македонците од Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас, убедени во успешноста на владата предводена од вас, за доброто на сите, се нагласува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Ново на Сител
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
-

Возила на пазарна скапуваат по депоата на „Пајак“ оти Инспекторатот нема паркинг
-

Расте кредитирањето од небанкарски финансиски институции
-

Македонија во црвената зона во Европа поради предвремена смртност од кардиоваскуларни заболувања
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
