Македонија
26. March 2016 - 21:21

Чести сообраќајки на главната улица во Брвеница

Возила кои се движат со неприлагодена брзина често пати завршуваат во дворовите од куќите што се наоѓаат на главната улица која поминува низ тетовска Брвеница. Мештаните се плашат од трагични пследици зошто во последниот таков случај автомобил рушил три огради од куќни дворови. 
 
Со оглед дека станува збор за регионален пат не било дозволено жителите да постават грпки ткн, лежечки полицајци за да се успорат возилата. 
 
Од полицијата велат дека патот претставува еден од оние каде најчесто возачите не внимаат и прават сообраќајки. 
 
На оваа делница во изминатите години имало и сообраќајки во кои загинале пешаци