Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер

Два месеци по парламентарните избори, чешкиот претседател Петр Павел се согласи да го назначи десничарскиот популистички победник на изборите и милијардер Андреј Бабиш за премиер, отворајќи го патот за нова влада по неколку недели двоумење.
Павел во изјава на Х рече дека назначувањето ќе се случи во вторник.
Чешкиот претседател инсистираше Бабиш прво јавно да разјасни како планира да го реши потенцијалниот конфликт на интереси како политичар и сопственик на голема деловна империја со повеќе од 250 компании кои имаат корист од субвенциите на ЕУ.
Во видео на социјалните мрежи, Бабиш рече дека ќе го пренесе својот холдинг „Агроферт“ на труст кој ќе биде управуван од независен администратор.
-Одлучив неповратно да ја предадам компанијата Агроферт и да немам ништо повеќе со неа, рече 71-годишниот бизнсисмен, додавајќи дека средствата ќе преминат на неговите деца само по неговата смрт.
За време на неговиот прв мандат меѓу 2017 и 2021 година, Бабиш исто така ги довери своите компании на фонд, потег што подоцна го укина.
Критичарите ја доведуваат во прашање веродостојноста на овој потег. Премиерот во заминување Петр Фиала рече дека се надева оти Бабиш „барем овој пат ќе го исполни тоа што ѝ го ветува на јавноста“, додека други го отфрлија предложениот труст како „козметичко решение“.
Бабиш веќе потпиша коалициски договор со две десничарски партии-Партијата на моторџиите и анти-НАТО и партијата Слобода и директна демократија (СПД) на новиот претседател на парламентот, Томио Окамура која е критички настроена кон ЕУ.
Заедно, трите партии контролираат 108 од 200 места во Претставничкиот дом, помоќниот од двата дома на законодавниот дом.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
-

„Безбеден град“: Во март констатирани 26.241 прекршоци, 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло
-

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран
-

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, малкумина станаа екстремно богати, затоа има разочарување и иселување
-

Најмногу дожд во Mаврови Анови и на Попова Шапка во изминатите 24 часа
