-->
-->
Чешкиот претседател го назначи Андреј Бабиш за премиер
-->
- Чешкиот претседател Милош Земан го назначи Андреј Бабиш за премиер, кој денеска во Прашкиот замок положи свечена заклетва.
Чешкиот претседател за премиер го назначи бизнисменот милијардер и покрај тоа што тој досега нема обезбедено парламентарна поддршка за еднопартиска малцинска влада. Кон средината на следниот месец претстои да му биде гласана доверба.
Владата, во полн состав, ќе стапи на должност на 13 декември, со што ќе му се овозможи на Бабиш да учествува на средбата на врвот на ЕУ на 14 и 15 декември.
На парламентарните избори во Чешка, одржани во октомври, движењето АНО (Акција на незадоволни граѓани) на 63-годишниот Бабиш, освои близу 30 проценти од довербата на гласачите. Тоа му обезбеди 78 од вкупно 200 места во Парламентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
