Чешка забрани влез во државата за странци
Чешките власти донесоа одлука за забрана за влез на странци кои не доаѓаат поради неопходни причини, со цел да се спречи пандемијата на коронавирусот.
Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека забраната ќе стапи на сила денеска и дека ќе важи за сите земји.
Забраната не се однесува на оние кои работат или студираат во Чешка. На оние што ги посетуваат роднините или доаѓаат за здравствена заштита или присуствуваат на свадби и погреби, исто така им е дозволено да влезат во Чешка.
Забраната за влез е дел од низата строги мерки што се заоструваат актуелните.
Откако Чешка соопшти за рекорден број нови 18.000 заразени на 6 јануари, бројот на нови инфекции во еден ден постепено се намалува.
Тој пад, сепак, не беше доволен и бројот на новозаразени почна повторно да се зголемува оваа недела.
Ново на Сител
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон