Чешка смета дека е неопходно да се зајакне надзорот на надворешните граници на ЕУ

Членовите на Претседателството на чешкиот Совет за национална безбедност се согласија околу потребата за зајакнување на надзорот на надворешните граници на ЕУ, соопшти претседателот на Чешка, Милош Земан по состанокот на кој синоќа се разговараше за ситуацијата по терористичките напади во Париз во петокот.
Според него, како што јави дописникот на МИА од Прага, овој став земјата ќе го промовира на преговорите во ЕУ.
Земан додаде дека Советот бил едногласен дека треба да се премине од „зборови на дела и навистина да се зајакне границата“.
Тој оцени дека доколку НАТО се одлучи за копнен напад на т.н. Исламска држава (ИД), Чешката армија би можела да им понуди на сојузниците, исто како и во минатото, хемиска единица или мобилна болница.
Премиерот Бохуслав Соботка уште еднаш повтори дека чешките безбедносни сили немаат информации дека на Чешка би и се заканувала слична опасност како во Париз. Соботка, во тој контекст истакна дека Чешка мора да го зголеми притисокот за заштита на надворешните граници на ЕУ, за да се стави под контрола миграцискиот бран и да биде јасно кој доаѓа во Европа. Чешкиот премиер додаде дека т.н. ИД мора да биде воено поразена. Токму ИД, се огласи дека ги извршила нападите во Париз, каде загинаа 129 лица, а 352 беа повредени.
Министерот за внатрешни работи, Милан Хованец информираше дека во земјата е зајакната контролата на меѓународниот аеродром, Прашкиот замок или салата каде се одржува финалниот тениски меч меѓу Чешка и Русија во Фед Купот.
Вицепремиерот Павел Бјелобрадек предупреди пред опасноста, муслиманите во Чешка, кои во земјата пристигнале пред неколку години, да станат цел на „некакви изливи“, додавајќи дека „секој муслиман не е терорист“.
Ново на Сител
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
