Свет
15. March 2016 - 19:14

Чешка ја обвини Русија за миграциската криза во ЕУ

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек смета дека Русија е одговорна за заострување на миграциската криза во земјите од ЕУ.

- Русите дејствуваат многу енергично, доведувајќи ги бегалците по најразлични северни патишта, на пример со авиони, тврди Заоралек.

Според шефот на чешката дипломатија „нашите браќа ни помагаат со снабдување на колку е можно повеќе бегалци“.

Тој истакна дека ЕУ прави напори да ја затвори т.н. балканска маршрута за бегалците од Блискиот исток и Северна Африка, по која тие се движат од Турција кон Европа.