Чешка и Словачка ќе разговараат за европската безбедност и миграцијата

Министрите на чешката и словачката Влада денеска на заедничка седница во Братислава ќе разговараат за европската безбедност, миграциската криза и билатералните односи меѓу двете земји.
Според претседателот на чешката Влада, Бохуслав Соботка, министрите во врска со европските прашања би се надоврзале на братиславскиот Самит на лидерите на членките на ЕУ, кој се одржа кон средината на септември, а на кој една од главните теми беше иднината на Унијата по заминувањето на Велика Британија.
На традиционалната, четврта по ред заедничка седница, ќе се разгледува и соработката на членките на Вишеградската група - В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) во веќе планираните инфрастутурни проекти, јави дописникот на МИА.
Чешката Влада во сличен формат соработува и заседава и со владите на Полска и Израел.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
-

Охрид има услови за развој на планински туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
