Червар ја искоментира играта на Македонија под водство на Раул
Лино Червар, стратегот на Хрватска, по натпреварот против Белорусија доби и прашање за Македонија, а на истото одговори позитивно.
Нашата репрезентација нема пораз на Европското првенство, како прва се пласира понатаму, а Лино вели дека нашата држава никогаш не играла подобро.
Морам да кажам дека Македонија не играла поубаво. Секаков комплимент за тоа. Врзан сум за таа земја. Кузмановски и Велковски се одлични, Талески исто така. Тоа значи дека добро сме работеле. Можам само комплименти да дадам, изјави Червар, пренесува Гол.мк.
Инфаркт меч во Загреб меѓу Хрватска и Белорусија!
Иако многуммина мислеа дека вечерашниот меч во загрепска Арена ќе биде само формалност за Хрватите, сепак Белорусите им пружија голем отпор на Хрватите.
Хрватските ракометари во инфаркт меч кој штотуку заврши во Загреб на „мускули“ успеаја да ја совладат Белорусија со 25:23.
Хрватските навивачи трепереа до последниот момент на мечот, откако Белорусите успеаја да израмнат на 23:23 на само две минути до крајот.
После ова нападот на Хрватите заглави, судиите ја подигнаа раката, па спас се бараше во Лука Циндриќ. Тогаш на сцена стапи плејмејкерот на Вардар, кој сам ја проби белоруската одбрана и погоди за 24:23.
Во последниот напад Белорусите не успеаја да упатат удар кон хрватскиот гол, па по пасивниот напад топката им беше одземена.
Конечните 25:23 ги постави Марко Копљар со гол во псоледните моменти од мечот.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите