-->
-->
Червар: Ги исполнивме ветувањата и играме добар ракомет
-->

Уште еден одличен натпревар одиграа младите ракометари на Металург, кои во целина беа 55 минути апсолутно рамноправни против актуелниот европски вицешампион и победник на СЕХА-лигата, екипата на Веспрем. Средбата ја решија завршните пет минути од првото полувреме, кога Веспрем дојде до солидни четири гола разлика.
Почетокот на првото полувреме мина во знакот на Металург, кој поведе со 2:0 и со 3:2. Потоа предноста мина кај нашиот противник, но на секој негов гол Металург враќаше со свој, така да и во 24. минута се уште беше 8:8, а во 26. минута 9:10 за Веспрем. Во преостанатите неколку минути Веспрем постигна два лесни гола, кога во нашиот напад учествуваа седум ракометари, но и со празен гол, а до крајот оваа серија се искачи на 1:4, за 10:14 за екипата на Веспрем.
Во второто полувреме се водеше жестока борба за секој гол. Најпрво изгледаше дека Веспрем ќе дојде до многу поизразена предност, бидејќи поведе со +5, 11:16, но Металург врати со серија од 3:0 и се доближи на само два гола разлика. Во целина ова второ полувреме го доби Металург, со резултат 10:9.
Во секој случај, се исполнува ветувањето на Лино Червар дека Металург ќе се обиде да биде рамноправен со сите топ екипи во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата
На оваа средба својот прв официјален натпревар во дресот на Металург го одигра Немања Обрадовиќ, кој ја излечи повредата на препоната, со која се здоби на турнирот во Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
-

Вo јануари остранети 2765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци
-

Да се вози внимателно, магла на повеќе патишта низ државата
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
