Фудбал
21. July 2020 - 11:17

Челзи се согласил на договор со Хаверц

Премиерлигашот Челзи постигнал договор за трансфер со играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Каи Хаверц. Според „Transfermarket“ 21-годишниот Германец се согласил на петгодишен договор со плата од осум милиони евра годишно.

Лондонскиот клуб е подготвен да плати 70 милиони евра за играчот, несметајќи ги бонусите. Баер сака да добие 90 милиони.

Претходно се дозна дека играчот од средниот ред е подготвен да се пресели во Челзи, но само доколку лондончаните обезбедат учеството во Лигата на шампионите.

Челси во моментов е на третото место со 63 бода.

Минатата сезона, Хаверц учествуваше на 39 натпревари на сите турнири, постигна 15 гола и осум асистенции.