Ракомет
13. November 2015 - 20:30

Челинџ куп: Вардар Ј. во осминафиналето ?!

Ракометарките на Вардар Ј. се пласираа условно  во осминафиналето од Челинџ купот откако вечерва во с. Јане Сандански убедливо со 27-14 го совладаа тимот на Лондон.  За дефинитивен пласман потребна е победа утре и во вториот меч со тимот од В: Британија. 

Сара Митова со девет гола беше најефикасна, по четири постигнаа Ангела Тодоровска и Марија Прленда. Реваншот се игра утре, исто така во 18 часот.