Чеченскиот лидер Кадиров води кампања за обнова на веќе разведените бракови

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров покрена кампања во Чеченија за обнова на веќе разведените бракови, при што на помош ги повика муслименските свештеници кои го проповедаат шеријатското право, јави Би-Би-Си.
Руските медиуми откриваат дека за кампањата, Кадиров има формирано посебна комисија, која тврди дека досега успела повторно да соедини 948 претходно разведени брачни двојки.
Нема прецизно објаснување зашто била потребна оваа кампања, но се верува дека била покрената во интерес на децата.
Тоа индиректно го објаснил еден чеченски политички функционер, кој не е именуван, а кој рекол дека „мажот може да има две сопруги, ако е тоа добро за децата“.
Секретарот на комисијата за „брачна хармонија и семејни односи“ Расул Усманов смета дека децата страдаат при разводите, особено ако по растурањето на еден брак, тие останат кај таткото, а тој подоцна се прежени со нова сопруга.
Според објаснувањето на Усманов, во вакви ситуации се вклучувала комисијата, која на таткото му наложувала да ја прими назад првата, разведена сопруга, сега како втора жена, по што тој имал две законски сопруги.
- Луѓето во сите такви случаи, сега живеат во складна хармонија, затоа што исламот дозволува еден маж да има до четири сопруги, вели Расул Усманов.
Оваа чеченска комисија сега ги испитува случаите од сите разведени бракови и одлучува кога да интервенира, за да ги натера разведените мажи и жени, одново да влезат во брачна врска со партнерот со кој претходно се развеле.
Некои од нив се противат на целата кампања, тврдејќи дека се води со „нефер притисок“, додека една жена ја нарекла иницијативата- насилничка.
Најмногу приговори имаат оние кои се разведени повеќе од десетина години. Тие велат дека нема да прифатат да им се вратат на своите поранешни брачни партнери.
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
