Балкан
15. November 2016 - 13:43

Чавушоглу: Турција веќе се умори од понижувачкиот однос на ЕУ

Одлуката за продолжување на преговарачкиот процес со Европската унија ќе ја донесат граѓаните на Турција, изјави денеска во Анкара турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу по разговорите со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. 

- Ние во пракса веќе се уморивме од тие двојни стандарди, кои ЕУ ги применува во однос на нас, од понижувачкото однесување. Да, критериумите за влез во ЕУ се познати, сите ги знаат, во однос на тоа немаме забелешки, Да ние имаме забелешки од дволичноста и двојните стандарди на ЕУ, а нив ги има многу, нагласи Чавушоглу. 

Тој истакна дека Турција ќе го постави прашањето пред својот народ, кој ќе одлучи за судбината на преговорите со ЕУ.