Чавушоглу: Турција ќе работи со Русија и Иран да обезбеди мир во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека мировните преговори за Сирија што се водат во казахстанскиот главен град Астана се корисен процес, кој има многу важна улога во запирање на граѓанската војна. Овие преговори се водат меѓу Турција, Русија и Иран, а САД имаат само улога на набљудувач.
Чавушоглу изјави дека Турција го поддржува и другиот процес на преговори за Сирија, кои се водат во Женева под покровителство на Обединетит нации, јави новинската агенција ТАСС.
За време на посетата на Азербејџан каде се одржа трилатерална средба на која учествуваше и Иран, Чавушоглу изрази жалење што последната рунда преговори меѓу завојуваните сириски страни во Женева не дала резултат.
Сепак, Чавушоглу изразил задоволство што главните судири во Сирија се во моментов прекинати и побарал од сите вклучени страни сега да се концентрираат на изнаоѓање на политичко решение.
- Ние, Русија и Иран имаме за цел да ставиме крај на хаосот во Сирија и да обезбедиме мир и стабилност во оваа земја, изјави Чавушоглу.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
