Чавушоглу: Турција ја продолжува политиката на отворени граници
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу синоќа изјави дека неговата земја ќе ја продолжи својата „политика на отворени граници“ за бегалците, но не навести кога Сиријците кои, бегајќи од Алепо стигнаа до турско-сириската граница, ќе можат да влезат во Турција, пренесе Танјуг.
- Се уште ја оддржуваме оваа политика на отворени граници за оние кои бегаат пред агресијата на режимот, како и од руските напади, рече Чавушоглу по состанокот во Амстердам, пренесуваат француските медиуми.
„Веќе примивме 5.000 од нив, а уште 50.000 до 55.000 се на пат и ние не можеме таму да ги оставиме затоа што воздушните напади се во тек, а и режимските (сириски) сили со поддршка на иранските шиитски милиции ги напаѓаат овие цивили“, наведе тој.
-Во текот на последните 48 часа околу 35.000 сириски бегелци пристигнаа на границата меѓу Сирија и Турција и тие се сместени во камповите на сириската страна од границата, изјави вчера гувернерот на турскиот град Килиса, Сулејман Тапсиз.
Тој на новинарите во граничниот премин Ончупинар им изјави дека очекува доаѓање на уште 70.000 Сиријци, доколку се продолжи со руските воздушни напади и военото напредување на силите на сириската Влада, пренесоа британските медиуми.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот