Чавушоглу: Привременото запирање на операцијата не е примирје

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека „Турција ќе ја заврши операцијата на северот на Сирија, откако терористите на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат тоа подрачје”, јави агенцијата Анадолија.
– Согласни сме во врска со собирањето на тешкото оружје на ЈПГ (Единици за народна заштита н.з.), уништување на нивните позиции и тврдини – изјави Чавушоглу пред новинарите по состанокот на делегациите на САД и Турција во Анкара.
На состанокот во Анкара е договорено дека турската операција „Извор на мирот” на северот на Сирија ќе биде запрена на 120 часа.
– Меѓутоа, привременото запирање на операцијата не значи повлекување на нашите војници и нашите сили. Ќе бидеме таму и понатаму, ќе продолжиме да делуваме – рече Чавушоглу, додавајќи дека привременото запирање на операцијата не е примирје, затоа што како што рече, примирје може да се прави само помеѓу две легитимни страни.
Тој нагласи дека Турција никогаш нема да влегува во било какви преговори со терористите.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара го прими потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс. Состанокот на Ердоган и Пенс траеше околу еден час и 40 минути, потсетува Анадолија.
На состанокот присуствуваше и специјалниот претставник на САД за Сирија, Џемјс Џефри, по што е одржана и средба на делегациите на двете земји.
Пенс и државниот секретар на САД, Мајк Помпео вчера допатуваа во официјална посета на Република Турција.
Претходно во Турција допатува и советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт О’Брајан, кој се состана со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Ново на Сител
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
