Чавушоглу: Односите на Турција со САД се во критична фаза
Односите на Турција со САД ќе бидат подобрени или во целост ќе бидат нарушени, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Весникот „Хуриет дејли њуз“ соопштува дека Чавушоглу изјавата ја дал на отворањето на министерската конференција за соработка меѓу Турција и Африка, а на само неколку дена пред најавената посета на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на Анкара.
- Односите со САД во моментов се во многу критична фаза, изјави турскиот министер.
Тој истакна дека очекувањата на Турција од САД се познати и јасни.
- Повеќе не сакаме ветувања, туку конкретни дела. За да разговараме за одредни прашања траба да ја обновиме загубената доверба, оцени Чавушоглу, посебно осврнувајќи се на туското барање за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во САД, а кого Анкара го обвинува за обидот за државен удар во јули 2016 година.
- Чавушоглу потенцираше дека истиот став ќе му биде пренесен и на Тилерсон при неговата посета на Турција.
Од 11 до 16 февруари Тилерсон ќе ги посети Кувајт, Јордан, Либан и Турција.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
