Чавков:Темелно ќе го истражиме случајот со експлозијата во Куманово

Според првичните информации излезени се увидни екипи, причинета е незначителна материјална штета, но сепак станува збор за кривично дело кое многу интензивно и темелно ќе го истражуваме со цел да утврдиме кои се сторителите и мотивите за тоа, изјави денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков во врска со експлозијата што утрово се случи во центарот на Куманово.
Чавков, кој е беше во посета на граничниот премин Табановце каде што со претставници на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот подели флаери за безбедно учество во сообраќајот во Македонија за странските туристи, потенцираше дека увидните екипи собрале соодветни материјали за вештачење и се надева дека во најбрз временски рок ќе има други показатели и информации кои ќе се користат во понатамошниот тек на истрагата.
Инаку, во строгиот центар на Куманово во тунелот кој ги поврзува градскиот плоштад со паркинг простор со кој стопанисува приватна компанија, утрово во 04.29 часот се случили експлозија, потврди кумановската полиција.
ФОТО: Kumanovonews.com
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
