Чавков: Усогласувањето на платите во МВР тече согласно предвидената динамика
Заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска во својство на работодавец денеска присуствуваше на годишниот Совет на македонскиот полициски синдикат што се одржува во Охрид.
Чавков пред учесниците на Советот им ги соопшти интенциите на вработените во МВР да се продолжи со реализацијата на ветеното од страна на Владата за периодот од 2014-2018 година, односно продолжување на процесот на усогласувањето на платите на вработените, според предвидената динамика од пет отсто годишно.
- Интенцијата и целта на мерката е надминување на неправдата кон вработените во МВР кои во минатото земаа додаток кој не беше соодветен, односно беше понизок во споредба со вработените во слични институции како финансиската полиција, УЈП, Управа за финансиско разузнавање итн. Со ова усогласување ќе дојде до израмнување на платите на сите служби, во износ од 20 проценти на основната плата, рече Чавков.
За претставниците на Македонскиот полициски синдикат спроведените покачувања на платите на вработените претставуваат најдобар начин како да се заокружи тековната работна година.
- Процесот на услогласување започнат во април го заокружуваме со втора транша од зголемување на платите. Тоа ќе придонесе како за подобрување на личниот и семејниот стандард, но и во делот на мотивираноста на вработенитево извршувањето на сејодневните работни задачи, рече претседателот на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски, нагласувајќи го високото ниво на социјалниот дијалог меѓу полицискиот синдикат и работодавачот.
Што се однесува на активностите на синдикатот за наредната година, Климовски истакна дека фокусот на дискусиите на денешниот собир пред се се однесува на можностите за подобрување на условите за работа на вработените во МВР.
- Ние ги сондираме состојбите на објектите, инфраструктутрата, опремата, возниот парк...Во тој дел веќе имаме иницирано процеси за воведување нов систем на набавка и дистрибуција на униформи, кој заради политичките моменти е поместен за некој друг период, кој веруваме нема да трае долго. Наредниот период ќе го искористиме за изготвување елаботар за можностите за подобрување на условите за работа на нашите колеги , истакна Климовски.
Ново на Сител
-
Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари