Чавков: Спасовски имаше и овластување и време да ги потпише договорите за работа
Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков ги отфрли тврдењата на министерот Оливер Спасовки дека немал време и законски можности да ги потпише договорите за работа на кандидатите кои ја поминале полициската обука. Чавков вели дека вчерашниот протест на кандидатите техничкиот министер го искористил за дневно политички цели притоа правејќи конструкции и брајќи одредени аргументи и причини зошто не биле потпишани договорите. Одговорно тврдам дека имаше и време и можности тоа да го направи во разумен временски период, рече Чавков.
,, Договорите за работа кои требаше Оливер Спасовски да ги потпише беа готови, изготвени технички и доставени во неговиот кабинет, односно на неговото биро на 6 април, тоа е денот кога вечерта на полноќ беше распуштено собранието на Република Македонија, а изборите беа распишани на 15 април, што значи дека Оливер Спасовски имаше девет дена на располагање да ги потпише договорите за работа и да отпочнат кандидатите за полицајци да го остваруваат својот приправнички стаж во рамки на министерството за внатрешни работи.,, рече Митко Чавков – заменик министер за внатрешни работи
Според Чавков тврдењата на Спасовски дека му биле одземени овластувањата од страна на владата биле груба манипулација и дензинформација. Тој тврди дека ниту едно овластување на техничкиот министер не било одземено, туку само поништени неговите незаконски одлуки поврзани со незаконско распоредување на полициски службеници. Дека Спасовски имал доволно време да ги потпише договорите за работи на полициските кандидати според Чавков потврдува и податокот што на денот кога тие биле изготвени и доставени за потпис техничкиот министер донел уште 80 незаконски решенија.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар