Чавков понуди доказ дека нема вила на Халкидики, се чека одлуката на судиите
Петмина од осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 денеска до Апелациониот суд Скопје поднесоа жалба и побараа да им биде укинат притворот и бараат до правосилноста на пресудите да се бранат од слобода, зашто имаат дадено гаранции уште во текот на постапката додека беа во ефективен и во куќен притвор.
Адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот достави извод од катастарот на Халкидики. Со него, како што вели Дуковски, се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики, што беше една од основите за определување на оваа мерка.
Тој додаде дека за неговиот клиент, кој беше неправосилно осуден на 18 години затвор, постојат две мерки за обезбедување, одземен пасош и обврска за јавување во судот, а понудена е и висока активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.
Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Гаранцијата на Горан Ѓошевски, кој е осуден на 15 години затвор, е 434 илјади евра, а на Душко Лазаров, осуден на 15 години затвор, е највисока и изнесува 770 илјади евра, целосно во недвижен свој и имот на роднини.
Адвокатот на Абдулфета Алими, осуден на 7 години затвор), пак, му даде доказ имотен лист на советот судии, дека имотот на Зијадин Села сѐ уште е во сопственост на Македонија. Села плати гаранција за Алими, зашто по обидот за убиство врз него, Алими му го спасил животот.
Одлуката ќе биде соопштена дополнително.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера