Чарлс го наследи британскиот трон и огромно богатство
По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син, кој има 73 години, Чарлс го наследи тронот како и нејзиното приватно богатство, колосално наследство што ќе го добие без плаќање данок на наследство, што е привилегија резервирана за наследниците на кралот.
Иако ништо не ги обврзува британските монарси да ги откријат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета поседувала лично богатство од 370 милиони фунти во 2022 година, пишува Сандеј Тајмс, односно пет милиони повеќе од претходната година.
Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, летувалиштето на кралското семејство и резиденцијата Сандрингем, каде кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, биле во сопственост на кралицата и ги наследува Чарлс.
Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредна околу 100 милиони фунти, според пишување на Тајмс во 2021 година.
Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти).
Познатите скапоцени камења на круната, проценети на околу три милијарди фунти, симболично и припаѓаа на кралицата и автоматски се пренесува на нејзиниот наследник.
Принцот Филип, сопругот на Елизабета, остави поскромно богатство од 30 милиони фунти кога почина во април 2021 година. Тој поседувал колекција од околу 3.000 слики, од кои повеќето биле оставени на пријателите и семејството.
Познавачите велат дека Елизабета најверојатно оставила тестамент, а некои помали суми пари ќе наследат членовите на блиското семејство, но не и најголемиот дел од богатството кое му припаѓа на Чарлс.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
