-->
-->
Чанак ќе го води Партизан во дуелот против МЗТ Скопје
-->
Ненад Чанак ќе ја предводи екипата на Партизан во наредниот период, а своето деби ќе го има во сабота кога во рамките од АБА лигата црно-белите го пречекуваат македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Откако пред два дена отказ доби Мирослав – Мута Николиќ, по тимот синоќа во рамките на Еврокупот го водеше Александар Матовиќ, денеска Управниот одбор (УО) на Партизан, реши, шанса да му даде на својот поранешен кошаркар Ненад Чанак.
„Чанак е нов тренер. Тој доби поддршка од денешната седница на УО и тоа од сите 17 членови. Тој е поранешен капитен на Партизан. Мислиме дека е добро да им се даде шанса на млади тренери“, изјави претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ.
Чанак до сега ја водеше екипата на Спартак, што е прв негов тренерски ангажман, додека минатата сезона беше дел од стручниот штаб на црно-белите. Во текот на својата кариера како играч, во два наврати го носеше дресот на Партизан 1992/1994 и 1999/2003.
Воедно, црно-белите решија Драган Тодоровиќ повеќе да не ја врши функцијата на спортски директор, туку во иднина да биде советник на претседателот за спортски прашања.
Дали турбуленциите во Партизан ќе може да ги искористат кошаркарите на МЗТ Скопје, останува да се види по средбата која ќесе игра во Белград во сабота од 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија