-->
-->
Чакарески нов спортски директор на машката ракометна репрезентација
-->

Милчо Чакарески е наименуван за спортски директор на машката ракометна репрезентација. Оваа одлука ја донесе УО на РФМ на денешната седница.
- Благодарност за довербата. Ова е мое враќање во ракометот. Со огомен ентузијазам се нафатив на оваа работа и ќе се обидам сите ракометари репрезентативци да бидат насмеани и да ги релаксираме односите и врските меѓу стручниот штаб - федерацијата - новинарите. Воедно оптимист сум и очекувам пласман на Олимписките игри во Рио.
Чакарески е поранешен ракометар кој потекнува од Струга, а играл и во Вардар, Металург, Тиквеш, Грција, Косово, Словенија. Како тренер има работено во Тиквеш и Приштина.
Никола Панчевски останува на функцијата директор на сите ракометни репрезентации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
